1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрузија

Нов голем проевропски протест во Тбилиси

СН/агенции
29 април 2024

Во Грузија повторно имаше масовни протести против планираниот закон за „странско влијание“. Според организаторите, на улиците имало 20.000 луѓе. Се јавува и за жестоки судири со полицијата.

https://p.dw.com/p/4fHuH
Демонстранти пред полициски кордон во Тбилиси на 16 април 2024
Демонстранти пред полициски кордон во Тбилиси на 16 април 2024Фотографија: Zurab Tsertsvadze/AP/dpa/picture alliance

Неколку илјади Грузијци протестираа во Тбилиси на втор митинг, повторно барајќи повлекување на предложениот закон за „странско влијание“, за кој се смета дека е инспириран од сличниот закон за „странски агенти“ во Русија и има за цел да ја замолчи опозицијата.

Веејќи европски и грузиски знамиња, околу 10.000 луѓе се собраа во центарот на Тбилиси на прошетка наречена „Европски марш“ до парламентот.

Текстот на законот веќе предизвика еден протест на 15 април.

Владејачката партија Грузиски сон на почетокот на април најави враќање во процедурата на тој контроверзен закон, чија прва верзија се откажа по големите протести во март 2023 година. Тогаш граѓаните и критичарите на власта оценија дека законот е инспириран од сличен закон во Русија, насочен против критичарите на власта и дека претставува „убиство на слободата“.

Демонстранти со знамињата ба ЊУ и на Грузија во Тбилиси
Демонстранти со знамињата ба ЊУ и на Грузија во ТбилисиФотографија: Mikhail Yegikov/TASS/dpa/picture alliance

Средбата беше организирана на повик на групите за човекови права и опозициските партии, кои досега беа на маргините во борбата која главно ги мобилизираше младите.

„Тој закон, како и оваа влада, не се во согласност со историскиот избор на Грузија да биде членка на Европската унија (ЕУ)“, изјави за Франс прес Ника Гварами, лидер на опозициската партија Ахали, кој присуствуваше на состанокот.

Грузија, поранешна советска република на Кавказ, направи прозападен пресврт пред две децении, ориентација која долго време ја поддржуваше поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој сега е во затвор.

Таа земја со години има амбиција да ги продлабочи односите со Западот, но опозицијата, сега ја обвинува владејачката партија дека сака, напротив, да ја приближи поранешната советска република до Русија.