1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

САД: Бебе загина во торнадо - стотици уништени објекти

СН/агенции
29 април 2024

Американскиот Среден Запад овој викенд беше погоден од преку 100 торнада, при што најмалку пет лица загинаа, а илјадници луѓе останаа без струја во сојузната држава Оклахома.

https://p.dw.com/p/4fHWT
Серија торнада го уништија Сулфур, град со околу 5.000 жители
Серија торнада го уништија Сулфур, град со околу 5.000 жителиФотографија: Ken Miller/AP Photo/picture alliance

Најмалку пет лица, вклучително и едно четиримесечно бебе, загинаа откако десетици торнада го зафатија централниот дел на САД, предизвикувајќи огромни штети.

Десетици илјади жители останаа без струја по силните налети на торнада кои започнаа во петокот (26 април, 2024)

Четири луѓе загинаа во сојузната држава Оклахома, каде што дванаесет окрузи прогласија вонредна состојба. Петто лице почина од повреди во сојузната дрќава Ајова, откако одвоен систем на бура го погоди Средниот Запад, објавија локалните медиуми.

Налет на торнадо во близина на Омаха во сојузната држава Небраска
Налет на торнадо во близина на Омаха во сојузната држава НебраскаФотографија: Chris Gannon/AP Photo/picture alliance

Националната метеоролошка служба (NWS) соопшти дека прелиминарната истрага потврдила дека некои од саботните торнада имале налети на ветер побрзи од 130 милји на час.

Во невремето што беснееше од Тексас до Мисури, на некои места паднаа и до 18 сантиметри дожд за неколку часа.

Градот Сулфур во источна Оклахома беше особено погоден. Снимките од последиците од налетот на торнадата покажуваат куќи срамнети со земја и превртени возила. Според официјалните податоци, во Оклахома биле пријавени околу 100 повредени. Голема материјална штета има и во градовите Холденвил и Мариета.

Гувернерот на Оклахома Кевин Стит го посети Сулфур и рече дека штетата е најлошата што ја видел во неговите шест години на функцијата.

„Едноставно не можете да поверувате колкав е обемот на уништувањето. Се чини дека секоја фабрика во центарот на градот е уништена“, рече тој.

Градот Сулфур беше срамнет со земја
Градот Сулфур беше срамнет со земјаФотографија: Bryan Terry/AP/picture alliance

Во разговор со гувернерот Стит, американскиот претседател Џо Бајден понуди целосна поддршка од федералната влада со цел да се помогне во спасувачките напори и обновата на погодените региони, се вели во соопштението на Белата куќа.